Македонско Лекарско Друштво РЗЗЗ Информации и вести Контакт

Охрид, Република Македонија 10-14.10.2007

 
 

УПРАВУВАЊЕ

  Добредојдовте

  Одбори

  Информации и вести

  Програма

  Распоред по време

  - Ден 1

  - Ден 2

  - Ден 3

  Сместување

  Контакт

  Најава

  English English

Информации
Останува: 000 дена и 00:00:00 часа!
Датум на одржување

10 октомври (среда)- 13 октомври (сабота) 2007
Главната научна програма ќе се одржи од четврток 11 октомври до сабота 13 октомври 2007 год. од 8-19 часот.

Свечано отварање
  • Свечено отворање на конгресоте е на 10 Октомври, Среда, во 18,30 часот
  • Прием за добредојде во 19,30 часот.
Место на одржување
  • Хотел "Метропол- Белви, Охрид, Р Македонија
Останати информации

Секретаријат на конгресот:
Македонско Лекарско Друштво

Тел: ++3892 3162 577; ++3892 3239 804
Факс:++3892 3162 577
е-mail: mld@unet.com.mk
конгресна веб страна: www.17mldcongress.com.mk

Пултот за информации ќе функционира од 10-13 октомври во хотелот Метропол.

Јазик на конгресот:
Официјални јазици на конгресот се македонски и англиски. Нема да има симултан превод.

Беџови:
Сите регистрирани учесници ќе добијат беџови со лични податоци кога ќе ги подигнат регистрациските документи. Беџот мора да се носи на видливо место за цело време на траење на Конгресот и дозволува пристап на научните сесии и на комерцијалната изложба.

Важни датуми:
Краен рок за поднесување на апстракти:
15 јуни 2007
Рок за рана регистрација: 10 Септември 2007
Известување за прифаќање на апстрактите:     
10 септември 2007

Регистрација

Пулт за регистрација и информации:
Пултот за регистрација и информации ќе биде лоциран во близина на рецепцијата на хотелот. Пултот ќе работи:

Датум Час
10 .10  2007 14.00-18.00 ч.
11.10 -13.10 2007 08.00-18.00 ч.

Покани:
На барање, Организаторот со задоволство ќе им испрати писма-покани за делегатите на Конгресот. Овие писма, секако, не претставуваат обврзување од страна на Организаторот за покривање на котизацијата, сместувањето, патните и други трошоци.

Време:
Времето во Охрид, на почетокот на октомври е обично сончево и топло дење, а ноќите свежи. Корисно е да се има потопла гардероба.

Регистрацијата е електронска, преку официјалната интернет страна на конгресот. Регистрацијата е завршена кога по испратената комплетна апликација, ќе биде извршено плаќањето на котизацијата.

За регистрација кликни ТУКА

Право на учество имаат сите заинтересирани лекари од Македонија и странство. Секој учесник мора да пополни одделен формулар.

Формуларот за регистрација за 17. конгрес на лекарите на Македонија треба да се пополни најдоцна до 15 септември 2007 година.

Котизација

Типови на котизација Пред 10 септември На лице место

членови на МЛД

60 €

+ 20%

нечленови на МЛД
(од странство)

75 €

+ 20%

нечленови на МЛД
(со нерегулирана членарина)

75 €

+ 20%

Лица во придружба

30 €

30 €


Котизацијата за лекарите вклучува :

  • презентација на трудови,
  • сертификат за учество,
  • Зборник на печатени резимеа,
  • конгресен материјал,
  • свечено отворање,
  • коктел и
  • свечена вечера.

Котизација за лица во придружба:

  • конгресен беџ,
  • присуство на церемонијата за отворање,
  • присуство за приемот за добредојде,
  • карта за свечена вечера,
  • полудневна тура за разгледување на градот и
  • културно уметничките споменици.

 

Котизацијата се уплаќа на

Македонско лекарско друштво
Даме Груев 3, Скопје
ж/ска 300000000211884
депонент Комерцијална банка  
Е.Д.Б 4030993138810
Со назнака за уплата за стручен материјал за 17 Конгрес



 

Резервации и откажување

Целосна уплата до 10 Септември  2007
Откажување до 10 Септември - се враќа целокупниот износ
Откажување до 1-ви Октомври 2007 - се задржуваат 50€
Откажување по 10 Октомври - не се рефундира ништо

Покани за спонзорство (за фармацевтските и други компании)

Успехот на 17. конгрес на лекарите на Македонија многу зависи и од љубезноста на спонзорите, затоа поддршката од Вашата компанија ќе биде многу добредојдена и ценета. Ве молиме разгледајте ги многуте можности за поддршка на Конгресот во нашата Покана за спонзорство, особено во поддршка на одделните настани, вклучувајќи ги тука и паузите за кафе, коктелот за добредојде, заедничките вечери и друго. Исто така, имате можност да ја претставите Вашата компанија за време на комерцијалната изложба која е придружна манифестација на Конгресот.

Изложба

Простор за изложбата
Поради ограничениот простор за изложување, изложбените штандови ќе се доделуваат по принципот „кој прв ќе се пријави". Во делот за изложба ќе се служат освежителни пијалаци и кафе. Очекуваме учесниците на конгресот да го посетат изложбениот простор за време на кафе-паузите и веројатно за време на ручекот. Изложбениот простор ќе биде отворен во текот на целото работно време на траење на Конгресот.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го Организацискиот одбор на 17. конгрес на лекарите на Македонија:

 

 
 
 
Почетна      Инфо       Регистрација       Абстракти       Контакт
 
Copyright © 2006 VESTEL